Макрон: Целта на самитот во Трст е постигнување на безбедност на Балканот

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека криминалот е еден од најголемите проблеми на Балканот и оти на самитот во Трст е постигнат напредок во контролата на лесното вооружување.

– Франција предложи иницијатива што ќе биде спроведена и ќе овозможи подобра контрола на муницијата и лесното вооружување во регионот, бидејќи криминалот е еден од најголемите проблеми на Балканот, нагласи Макрон по повод неодамнешниот самит во Трст.

Макрон издвои три главни теми на кои на тој состанок било посветено внимание, и кои, како што истакна, добиле значаен напредок.

 – Првата тема е безбедноста и Франција е сега на чело на оваа иницијатива на ниво на ОН до средината на 2018 година, посочи Макрон.

– Предложивме подобра соработка кога станува збор за складирањето на муницијата и подобра контрола врз лесното вооружување, што претставува главен проблем во регионот, и мислам дека таквиот чекор е напредок во поглед на безбедноста, наведе Макрон.

Исто така, тој објасни дека е покрената и иницијатива за борбата против криминалот и борбата против радикализацијата.

– Постои еден најсилен фундаментализам што тука се развива, забележа францускиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.