Макрон доби млака поддршка од Романи за прашањето на „испратените работници“

Францускиот претседател Емануел Макрон доби во Букурешт во четвртокот млака поддршка за построгото регулирање на трудот на евтината работна сила од источноевропските земји, но сепак доволна за оцената дека до крајот на годината ќе успее да постигне договор.

Францускиот претседател Емануел Макрон е на турнеја по Австрија, Романија и Бугарија со којшто сака да обезбеди поддршка за јакнењето на стандардите во Европската унија во трудот на испратените работници со што би се намалил извозот на евтина работна сила од источните во западните членки на ЕУ:

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави по состанокот со Макрон дека земјите од истакна и западна Европа сакаат да го решат ова прашање, но не кажа што за него е прифатливо, пишува Reuters.

Макрон сама да ги измени прописите за труд за ткн „испратени работници“, бидејќи смета оти постојниот систем создава нечесна конкуренција во западните земји, како што се Франција и Германија.

„Сигурен сум дека можеме да имаме договор до крајот на годината“, изјави францускиот претседател на заедничката прес-конференција во романската престолнина Букурешт.

Европската директива им овозможува на компаниите да испраќаат работници од други земји членки на ЕУ на одреден период. Западноевропските земји стравуваат дека тоа доведува до дампинг на работната сила, бидејќи работодавците имаат обврска да им платат на испратените работници само минимална плата пропишана во земјата домаќин, а социјалното осигурување го плаќаат во татковината на работникот.

Ваквата практика е особено честа во градежништвото и во преработувачката индустрија.

Иако „испратените“ работници сочинуваат само 1 отсто од работната сила во ЕУ, станува збор за политички чувствително прашање коешто изминатите години ги продлабочи поделбите меѓу богатиот запад и сиромашниот исток на Унијата и е првиот чекор кој францускиот претседател сака да го стори во својот проект за преобликувањето на ЕУ.

„Многу е важно да се избегнат бескорисните поедноставувања. Од една страна постои незадоволство во Франција поради непријавените работници, а од друга страна има многу луѓе во источна Европа, во Романија, коишто сакаат да работат во Франција, Германија, Шпанија. Јасно е дека оваа европска директива мора да се подобри“, рече романскиот претседател.

Во средата Макрон ја доби поддршката од Словачка и Чешка, и тоа претставува негова симболична победа по настојувањата на евроскептичните влади во Полска и во Унгарија да ја блокираат реформата на европската директива за труд.

Тинк-тенк организацијата Labour Mobility Initiative од Полска проценува дека до 2020 година повеќе од милиони луѓе ќе ги загубат работните меса во компаниите во ЕЕЗ, поради измената на споменатата директива за труд која ја предлага Европската комисија.