Макрон гледа напредок во разговорите со Трамп, Меркел незадоволна

Францускиот претседател Емануел Макрон во саботата оцени дека разговорите во рамките на групата Г7 со американскиот претседател Доналд Трамп за климатските промени претставуваат напредок споредено со она што сеочекуваше пред неколку седмици.

„Сметам дека постои напредок и дека се водат вистински разговори и се прават размени на ставовите. Треба да се води сметка за појдовните точки, кога многумина мислеа до пред само неколку седмици дека САД ќе го напуштат Парискиот договор за климата“, им појасни на новинарите францускиот претседател Франсоа Макрон.

Овие изјави се во спротивност со изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел која оцени дека разговорите за климата биле незадоволителни.

„Целокупната расправа за климата беше многу тешка, да не кажам разочарувачка“, изјави за новинарите Меркел и додаде „Нема знаци за тоа дали САД ќе останат во Парискиот договор или не“.

Разговорите меѓу челниците на земјите од седумте најразвиени земји, САД, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Канада, или Г7- му овозможија на американскиот претседател Доналд Трамп да добие увид во важноста на ова прашање, вклучително и од аспект на американските интереси, оцени францускиот претседател кој учествуваше на својот прв само на Г7.

„Трамп е прагматичен и се надевам дека ќе го потврди учеството во парискиот договор, во својот ритам“, додаде Макрон.

„Ќе ја донесам конечната одлука за парискиот договор следната седмица“, напиша на Twitter Трамп по завршувањето на самитот на Г7.

Во завршната изјава на Г7 објавена во саботата се наведува дека групата е запознаена со несогласувањето на САД со другите шест членки кога станува збор за климата.

„Соединетите држави повторно ја проценуваат својата политика за климатските промени и за парискиот договор и не се во можноста да се посигне консензус по тоа прашање“, се наведува во изјавата.

Францускиот претседател Макрон изјави дека одбива да се согласи на логиката „шести плус еден, бидејќи тогаш би тргнале во фрагментација на големите демократии. Да, постојат несогласувања, но се надеваме дека ќе ги ублажиме разликите“, рече Макрон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.