сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 18

Макрон го именуваше новиот премиер, Едуар Филип од конзервативните Републиканци

Едуар Филип ја започна политичката кариера како социјалистичка активист близок на поранешниот премиер Мишел Рокар, за потоа да скршне в десно.

eduar filip

Поврзани вести

Новиот француски претседател Емануел Макрон го именуваше во понеделникот конзервативниот премиер 46-годишниот Едуар Филип кој доаѓа од десната партија Републиканци, потег со која сака да ја прошири својата политичка допадливост и да ги ослаби конкурентите од десницата пред парламентарните избори во јуни.

Едуар Филип, пратеник и градоначалник на северозападниот град Авр во департманот Приморска Сена на брегот на Ламанш, второто најголемо пристаниште во Франција по Марсеј, доаѓа од ткн умеено крило на главната партија од десниот центар Републикански, којашто ја именуваат и како Републиканска партија.

Новиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ѝ стави крај на политиката во којашто со децении наназад во Франција се менуваат левите и десните партии, а неговата од неодамна регистрирана партија Републиката напред (Republique en marche -REM) којашто прерасна од движењето Напред (Еn marche – REM) коешто го основаше пред неполна година, сегаax треба да создаде широка база за поддршка за претстојните парламентарни избори.

Филип е близок соработник на поранешниот премиер Ален Жипе кој го води умереното крило на Републиканците и навести дека ќе му помогне на Макрон.

Познат е по неговите изјави за Брегзитот. Според Филип, Велика Британија ќе зажали поради референдумот, на кој мнозинството гласаше за истапување од Европската унија. Покрај тоа, тој изјавуваше дека на ЕУ ѝ се заканува период на нестабилност, и повикуваше да се дејствува во интерес на безбедноста на земјите од Унијата.

Од друга страна, пак, Макрон со својата одлука да не му спротистави кандидатот на REM на поранешниот социјалистички премиер Мануел Валс во неговата изборна единица го врза Валс и го отежнува повторното обединување на разединетата левица.

Ова е првпат во модерната француска политичка историја претседателот да именува премиер надвор од својата политичка платформа, а на тоа да не биде принуден со пораз на парламентарните избори. Победата на Макрон на претседателските избори против кандидатката на крајната десница Марин Лепен, самото посебе претставуваше потрес на политичката сцена на којашто со децении доминираа двете главни партии, од десницата и од левицата.

Роден во 1970 година во градот Руан, Филип дипломирла на Институтот за политехнички истражувања во Париз и на Националната школа за администрација.

Едуар Филип ја започна политичката кариера како социјалистичка активист близок на поранешниот премиер Мишел Рокар, за потоа да скршне в десно. Правник по професија, работел како директор за јавни прашања во државната компанија за нуклеарна енергија „Areva“ во периодот меѓу 2007 и 2010 година и од тогаш градоначалник на Авр до 2014 година.

Минатата 2016 година работеше на кампањата на Ален Жипе на републиканските предизбори, а пота ѝ се приклучи на претседателската кампања на Франсоа Фијон, Го напушти кога избувна скандалот околу наводните фиктивни вработувања на неговата сопруга и на нивните деца.

Најчитани вести