Макрон и Меркел се за „нова Европа“

© EPA/CLEMENS BILAN

Германската канцеларка Ангела Меркел и новиот француски претседател Емануел Макрон порачаа дека сакаат на Европската унија да ѝ дадат нови импулси, а доколку тоа биде потребно подготвен се и на промена на европските договор, беше искажано по срдбата на двајцата челници во понеделникот во Берлин.

Ангела Меркел го дочека новиот француски претседател со највисоките воени почести. Инаку Емануел Макрон се сретна со германската канцеларка уште во март во Берлин, во периодот кога уште беше само претседателски кандидат

Со посетата на Берлин како прва странска дестинација на должноста претседател, којашто беше остварена само ден откако стапи на должноста, Емануел Макрон ја продолжи традицијата на француските претседатели, кои прво патуваат во посета на Германија, традиционалниот европски сојузник со кој ја втемелија Европската унија. На Ангела Меркел, пак, ова ѝ е четврти француски претседател кого го дочекува во своите 12 години на должноста германска канделарка.

Меркел повика на „нова динамика“ во германско-француските односи, истакнувајќи дека интересите на двете земји се тесно поврзани, додека Макрон, кој престојува во Берлин само еден ден по својата инаугурација, повика на „историско“ реформирање на Унијата.

На прес-конференцијата по средбата со Меркел, Макрон рече дека посакува „помалку бирократска, а позаштитничка Европа“. Наведе дека планира во следните неколку месеци да спроведе реформи и оти измената на договорот за ЕУ веќе нема да биде „табу тема“ за Франција.

Воедно изрази надеж дека со Германија, во следните недели, ќе успее да воспостави план за реформирање на еврозоната, нагласувајќи дека мораат да работат на „длабоки реформи кои се потребни и за кои е нужна заедничка работа“. Макрон потенцираше дека реформската агенда ќе ја спроведува дома, „не затоа што Европа тоа го бара, тука затоа што на Франција ѝ е потребно“.

Меркел истакна дека Германија, во принцип, е подготвена да разговара за измени на ЕУ, доколку тоа е потребно.

„Би била подготвена да преземам таков чекор, но прво мораме да утврдиме што сакаме да реформираме… Од германска гледна точка, можно е да се измени договорот за ЕУ“, истакна германската канцеларка..

„Ние можеме на целиот овој проект да му вдахнеме нова динамика. На Германија на долги патеки ќе ѝ оди добро толку долго колку што на Европа добро. А на Европа ќе ѝ биде единствено со една силна Франција“, изјави Ангела Меркел по првата средба со Емануел Макрон во својство на француски претседател.

Таа притоа најави и некој вид план, „возен ред“, а реформските проекти во рамките на Европската унија.

„Заедничко е уверувањето дека ние сега не смееме да се занимаваме со излегувањето на Велика Британија од Европската унија, туку во прв ред мораме да размислиме на кој начин Европската унија и, пред сé, зоната на еврото да ја продлабочиме и да ја направиме поотпорна на кризи“, рече Меркел.

Новиот француски претседател ги истакна силните врски меѓу Германија и Франција и најави заедничка седница на владите на двете земји пред парламентарните избори во Франција во јуни, и ја изнесе идејата за „чинот на новото основање на Европа и еврозоната“.

„На неопходните и длабоки реформи на Европската унија и зоната на еврото потребно е да се впрегнеме заеднички“, рече Макрон кој заедно со Меркел предлага план за реформски проекти за ЕУ, и најави дека ќе биде „отворен, директен и конструктивен“ Берлин

Двајцата државници изјавија дека се отворени за потребите за спроведување на темелните реформи и за промената на Лисабонскиот договор.

„Доколку за реформите се нужни промени на договорот, Германија е подготвена“, рече Меркел.

Таа истовремено ги критикуваше некои од членките на ЕУ кои остро се спротиставуваат на какви и да се промени на Лисабонскиот договор, правниот темел за функционирањето на Европската унија. „ЕУ самата себеси се прави ранлива доколку стриктно ги одбива промените. Целиот свет се менува и ЕУ мора да биде подготвена да реагира на тие промени“, рече германската канцеларка.

Макрон, кому посетата на Берлин му е прва посета на странска земја во својство на француски претседател, ја истакна својата отвореност за промени. „За Франција промените на договор долго време беше табу. За мене тоа не важи“, рече. Исто така, истакна дека посакува Европа којашто ќе биде помалку бирократска, а повеќе ќе штити.

Макрон истовремено за следните месеци најави економски реформи во Франција со цел да се справи со високата стапка на невработеност од 10 отсто. „Овие реформи ги покренуваме не затоа што ги бара Европа, туку затоа што тие ѝ се потребни на Франција“, рече.

Двајцата државници го отфрлија воведувањето на заедничките еврообврзници како инструмент за решавање на финансиските кризи.

„Јас никогаш не се залагав за еврообврзниците. Јас не сум за колективно преземање на долговите од минатото. Тоа води кон политичка неодговорност“, рече Макрон реагирајќи на реакцијата на германските политичари кои изразија старавувања дека тој би можел да се залага за воведување заеднички обврзници за еврозоната, на што Германија жестоко се спротиставува.