Свет

Макрон ја искритикува Италија оти не примила брод со мигранти

Макрон ја искритикува Италија оти не примила брод со мигранти

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди денеска одлуката на Италија која одби да прифати повеќе од 600 мигранти на бродот „Аквариус“, потсетувајќи ја италијанската влада да ги исполни своите обврски во согласност со меѓународното право.

Макрон јасно ставил до знаење, дека, во согласност со поморските закони, најблиската држава е одговорна за прием на лица кои ќе се најдат во неволја, пренесува Ројтерс.

Постои одреден степен на цинизам и неодговорност во однесувањето на италијанската влада во врска со драматична хуманитарната ситуација,рече Макрон.

Од друга страна, францускиот претседател ја поздрави одлуката на Шпанија да го прими бродот со мигранти и повика на “европска солидарност” со шпанската влада.

Шпанија соопшти вчера дека се согласила да го прими бродот со 629 мигранти, кои се најдоа во центарот на меѓународен спор, откако претходно одбиле да го примат Италија и Малта.