Макрон по влегувањето во Елисејскиот дворец сака да ја ревитализира ЕУ

РИА Новости . Ирина Калашникова

Новиот француски претседател Емануел Макрон во неделата во емотивниот говор по повод преземањето на претседателската должност во Елисејскиот дворец вети дека на „Французите ќе им ја врати верата во живото, откако Франција долго беше ослабена“, и оти сака да ја ревитализира Европската унија.

Франција ги „избра надежите и духот на победата, а јас нема да потклекнам ниту пред едно политичко ветување“, изјави центристот Емануел Макрон, со своите 39-години најмладиот претседател во историјата на француската Петта Република, додавајќи дека ќе ги „поткрепи компаниите“ и ќе ги „поттикнува иницијативите“.

„Европа, каква што ние е потребна, ќе биде обновена на нови вредности и ревитализирана, бидејќи ни дава заштита. Французинките и Французите кои се чувствуваат заборавени во овој глобализиран свет ќе бидат подобро заштитени“, вети Макрон.

„Сакам да работам на помирувањето и обединувањето“, додаде Макрон кој на претседателската должност го наследува социјалистот Франсоа Оланд. Овој го напушти Елисејскиот дворец по мандатот одбележан со историски рекордна  непопуларност.

Макрон и Оланд се ракуваа на црвениот тепих во претседателската резиденција пред неколку стотини гости и многубројни фотографи и новинари од светските медиуми, како и телевизиски екипи кои присуствуваа на примопредавањето на претседателската должност.

Како доказ за намерата на Макрон да ја обнови француско-германската оска, е неговата прва посета на странска земја, којашто е закажана веќе за понеделник, за којашто ја избра Германија.

По победата над кандидатката на крајната десница, Емануел Макрон, политичар чијашто програма не се темели „ниту на левата, ниту на десната ориентација“, им вети на Французите „длабока реформа на политичкиот живот“ во многу поделената земја со голема стапка на невработеност од 10 отсто и особено меѓу младите, во држава во којашто уште е на сила вонредната состојба поради терористички закани воведен на 13 ноември 2015 година.

Како што е најавено, новиот претседател ќе го именува својот премиер во понеделник, а до вторник се очекува да ја оформи владата.

По пристигнувањето на Елисејската палата, претседателот на заминување Франсоа Оланд во согласност со протоколот разговараше со Емануел Макрон зад затворени врати речиси еден час.

„Власта не му ја предавам на политички противник и тоа е многу поедноставно“, изјави Оланд по враќањето од Берлин, каде што престојуваше во проштална посета кај германската канцеларка Ангела Меркел.

За разлика од својот претходник Николас Сакози, Оланд најави дека на 62-годишна возраст има намера да се повлече од политичкиот живот. Во неделата тврдеше дека „Франција ја остава во подобра состојба од она во којашто ја најдов“ во времето кога ја наследи од претставникот на француските конзервативци Саркози. Во 2012 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.