Свет

иницијатива на францускиот претседател Макрон сака багетот да биде вброен на листата на УНЕСКО

Макрон сака багетот да биде вброен на листата на УНЕСКО

Скромното француско лепче со крцкава златеста кора и мека средина предизвикува завист во светот и треба да биде вброен на листата на нематеријалното светско наследство на УНЕСКО, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што појаснува францускиот челник, на споменатата листа во декември беше впишана неаполската пица, па зошто тогаш не би можело да се случи и со францускиот багет.

„Мораме да ја сочуваме извонредноста на багетот и нашата вештина во неговото создавање. Оттаму би требало да биде ставен на пописот на светското наследство“, изјави Макрон во петокот.

Францускиот претседател додаде дека багетот е дела од секојдневието на неговите сонародници и историската традиција.

„Ги познавам нашите пекари. Кога видоа дека неаполитанците добија признавање во УНЕСКО, сигруно се запрашаче? Зоѓшто не и багетот: И во право се“, тврди Макрон.