Свет

Макрон тврди дека го убедил Трамп да не ги повлекува силите од Сирија

Макрон тврди дека го убедил Трамп да не ги повлекува силите од Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во неделата дека го убедил американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека сигурно ќе ги повлече американските војници од Сирија, да ги задржи во оваа земја.

Во телефонскиот разговор во пресрет нападот врз Сирија во саботата, Макрон како што тврди, ги убедил Трамп да не ги повлекува двете илјади американски војници, според тврдењето на Пентагон, распоредени во северниот бунтовнички дел на сириската територија без договор со владата во Дамаск.

„Го убедивме дека таму е потребно да останат“, изјави францускиот претседател.

Два дена по нападот на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија, Макрон долго зборуваше за Сирија. Истакна дека го убедил Трамп да ги ограничи саботните напади на наводните постројки за хемиско оружје.

Бранејќи ја оправданоста на нападот, за кој во европските земји имаше големи реакции, Макрон рече „Дојдовме до точката кога нападите беа неопходни за да се врати веродостојноста на меѓународната заедница“.

Во телевизиското интервју рече дека нападот врз Сирија, поради наводниот хемиски напад врз исламистите во Дума од страна на владините сили бил „успех на воен план“.

Макрон отфрли дека воениот напад ќе биде прогласен за нелегитимен, како што обвинуваат многу политичари во Европа и Сирија, како и нејзините сојузници Русија и Иран за кои е нарушено меѓународното право бидејќи одлуката е донесена спротивно од Повелбата на Обединетите нации и без согласност на Советот за безбедност при ОН.

Според францускиот претседател нападот бил изведен од „меѓународната заедница“. „Имаме три членки на Советот за безбедност при ОН кои учествува“, рече Макрон мислејќи на неговата земја, САД и на Велика Британија.

Со воената операција Франција не ѝ објавила војна на владата на сирискиот претседател Башае ал-Асад, тврди Макрон велејќи дека Пари зака „инклузивно политичко решение на војната“ во Сирија кое би ги вклучувало сите учесници. Тоа може да се толкува дека Франција дефинитивно отстапува од своите тврди барања сирискиот претседател Асад да биде исклучен преговорите и од политичката иднина на земјата.

Во интервјуто полно со противречности за телевизиите BFMTV и RMC и за порталот Mediapart, Макрон исто така рече дека за да се постигне трајно решени во Сирија „потребно е да се разговара со Иран, Русија и Турција“.