Макрон во понеделник со Путин, Меркел и Порошенко телефонски за Украина

STEPHANE DE SAKUTIN/AFP/Getty Images)

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот со челниците на Русија Ерманија и Украина, во таканаречениот формат на Нормандиската четворка, телефонски ќе разговара за судирите во источна Украина во настојувањата да се запре насилството во регионот објави Елисејската палата.

Разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Анкела МЕркел и украинскиот претседател Петро Порошенкосе дел од настојувањата на четирите земји уште од 2014 година да се реши судирот во кој загинаа изминативе години најмалку 10.000 луѓе.

Договорот меѓу Русија, Украина, Германија по иницијативата на Франција, за прекинот на огнот беше потпишан во белоруската престолнина Минск на почетокот од февруари 2015 година, но не доведе до конечно прекинување на насилствата.

Ви јуни, набрзо по победата на француските претседателски избори, Макрон се сретна со Порошенко кога изјава дека смета оти најдобар начин за договорот за крајот на судирите во Украина се договорите од Минск.

Но тоа е во спротивност со мислењето на Вашингтон кој има големо влијание врз Киев, а сегашните украински власти бараат и воена заштита од САД од времето на поранешната администрација на демократскиот претседател Барак Обама.. Имено, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на 14 јуни изјави дека администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп не сака да биде попречувана од договорот од 2015 година и додаде дека Киев би можел да потпише одвоен независен договор со Москва.

Во текот на својата прва официјална посета на Киев претходно во јули, Тилерсон рече дека Руска мора да го направи првиот чекор во воспоставувањето на мирот во источна Украина, како и дека главната цел на Вашингтон е обновувањето на територијалниот суверенитет на Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.