Макрон во Русија бара допирни точки со Путин и помирување со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во четвртокот и петокот во својата прва официјална посета на Русија, во надеж дека ќе пронајде заеднички јазик со рускиот претседател Владимир Путин кога станува збор за чувствителни прашања, како и што се иранската нуклеарна програма и Сирија, и покрај разликите во ставовите меѓу двете земји.

Оваа посета веќе долго се очекува, а доаѓа една година по средбата на Емануел Макрон и Владимир Путин во Версај, со којшто новиот француски претседател се позиционираше на меѓународната сцена.

Двајцата челници ќе се сретнат во четвртокот пред крајот на денот во величествената Константиновата палата, летната резиденција на Петар Велики дваесетина километри оддалечена од Санкт Петербург. Овој голем дворец со поглед на морето беше домаќин на самитот на групата Г20 во 2013 година.

Макрон во петокот утрото, придружуван од сопругата Брижит, ќе им одаде почест на жртвите на стравичната опсада на Ленинград во текот на Втората светска војна, пред средата со претставниците на цивилното општество. Попладнето е посветено на 22-от Економски форум Санкт Петербург, каде Макрон е почесен гостин покрај јапонскиот премиер Шинзо Абе. Двајцата челници ќе бидат во прв план заедно со домаќинот Путин.

Кусата посета на Русија, којашто не опфаќа посета на Москва, ќе заврши во Маријанскиот театар со омаж посветен на Мариус Петипо, француски кореограф кој поголемиот дел од живот го минал во Русија, 200 години по неговото раѓање во Марсеј 1818 година.

Освен за билатералните односи, Макрон и Путин ќе разговараат за „актуелните меѓународни прашања, меѓу кои се иранскиот нуклеарен договор, решавање на сириското прашање и украинската криза“, објави Кремљ. Макрон има волја за „содржаен дијалог (…) за да се утврдат точките околу коишто постои согласнот… Го правиме тоа со отворени очи, свесни колку тоа е тешко“, објави Елисејската палата.

По повлекувањето на САД од меѓународниот нуклеарен договор со Иран, Макрон и Путин, изразија решителност да го спасат. Но не се согласуваат во поглед на стратегијата. Москва, којашто е блиска на Иран, бара да остане непроменот, додека Париз сака нов „проширен договор“ кој ќе опфати контрола на иранските нукларни активности по 2025 година, неговата балистичката програма и неговата улога во Сирија и Јемен.

Макрон сака да ги помири Европа со Русија по повеќегодишни тензии поради украинската криза, и неодамнешниот случај на порашениот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал за кој Велика Британија ја обвинува Москва.

„Сакам да ја закотвам Русија крај Европа, а не да пуштиме да се затвори во себе“, изјави неодамна Макрон.

Во текот на посетата ќе бидат потпишани билатерални договори во областа на економијата, образованието, културата и спортот.

„Го почитувам. Го познава. Свесен сум за се’. Мислам дека претедателот Путин никогаше не смееме да му покажеме слабост. Кога сте слаби, тој тоа го користи“, изјави Макрон зборувајќи за „силниот и интелигентен“ руски претседател на американската телевизиска мрежа Fox News.

Во Москва, откако Путин штотуку го започна својот четврти мадат, уште очекуваат да видот што точно Макрон ќе стори.

„Тој се обидува повторно да ја позиционира Франција како светска сила. Таа веќе долго време не е тоа. Доколку се сериозен, ќе има за што да разговара со Путин. Доколку се работи само за зборови, Путин тогаш многу брзо ќе го сфати тоа“, рече Фјодор Лукјанов, претседател на парламентарниот руски Совет за надворешна политика и одбрана.