Максимална затворска казна за убиецот на малата Тијана

Драган Џуриќ, месарот од Сурчин, кој ја киндапираше петнаесетгодишната Тијана Јуриќ, a потоа ја силуваше и уби, па го закепа телото, денеска е осуден. Тој за обид за силување доби казна затвор од 12 гоини, а за убиство 40 години, но единствената казна не може да изнесува повеќе од 40 години.

Потрагата по Тијана траеше 13 дена, а телото на девојчето полицијата го пронајде во поле десетина километри оддалечено од Сомбор.

Имено, Џуриќ во Бајмок, ноќта помеѓу 25 и 26 јули со автомобил ја удрил Тијана, и пришол, ја фатил  за врат, ја удирал, ја ставил во автомобилот и ја однел кај Сомбор, каде ја силувал, а потоа и убил.

Додека траела потрагата за Тијана, Џуриќ на интернет пребарувал порно материјали и истражувал колкав времеснки период е потребен да се распадне едно човечко тело.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.