„Макстил“ доби ново раководство

Компанијата „Макстил“ на денешното Собрание избра нови членови на Одборот на директори.

Иван Бановски, Димитар Цветковки, Снежана Сиљановска, Метју Џастин де Морган, се имињата на новото раководство, а како независни влегувааат  Татјана Шишкова и Стефано Грамиња. Ова се имињата на новото раководство на оваа компанија, објавени на Македонска берза.

На почетокот на месецот, „Макстил“ објави дека ќе ги отповика дотогашните членови на Одборот на директори поради исполнување на услов за заминување во пензија.