Македонија,Крими хроника

Мал арсенал од оружје откриен во куќа на битолчанец

Мал арсенал од оружје откриен во куќа на битолчанец

Мал арсенал од оружје е откриен во куќа на битолчанец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во домот на триесет и девегодишниот П.Л. од битолското село Велушина, полицијата открива пушка, пиштол, шест куршуми од калибар 7,65 милиметри во рамка за пиштол и 27 куршуми калибар 7,9 милиметри.

Полицијата го приведе П.Л. и по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветен поднесок.