Мал авион се урна во куќа во САД

Мал авион се урна во семејна куќа денес околу 11.15 часот по локално време, во гратчето Плејнфилд, на околу 70 километри од Чикаго, во државата Илиноис во САД.

Според портпаролот на ФАА Тони Молинаро, станува збор за мало летало, но сеуште не се знае за каков авион се работи. Исто така не е познато од каде полетал авионот и на која релација патувал.

Се верува дека пилотот на авионот е мртов. Според противпожарните служби во куќата нема повредени лица, затоа што за среќа, немало никого за време на несреќата.

Засега нема податоци за тоа колку лица имало во авионот.  Според првичните информации, авионот најверојатно се распаднал на повеќе парчиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.