Мал инцидент во украинска нуклеарка, реакторите исклучени

Во нуклеарната централа „Запорожшкаја“ во југоисточна Укрина, во петокот се случи мал инцидент, по што реакторите биле исклучени, соопшти денеска украинкиот премиер Арсениј Јацењук на првата седница на неговата нова Влада.

На седницата Јацењук побара извештај од украинскиот министер за енергетика Владимир Демчишин за случувањата во нуклеарката и за начините на кои одговорните се справиле со проблемот.

– Нема опсност… нема проблеми со реакторите, изјави Демчишин.

Тој истакна дека нуклеарката ќе продолижи со работа в петок, додавајќи дека инцидентот не е поврзан со самото производство на електричната енергија.

Меѓународната агенција за атомска енергија засега не реагираше на информациите за инцидентот во украинската нуклеарка.