ВИДЕО: Мал пожар во Рамстор ги вознемири купувачите

Пожар во турски ресторан во трговскиот центар „Рамстор“ денеска ги вознемири граѓаните. Но, од трговскиот соопштија дека пожарот е локализиран и нема причинета материјална штета.

Пожарот што изби кратко пред десет часот утинава  во локалот „Истанбул кебап“  во „Рамстор“ е изгаснат благодарение на системот за гасење пожар во трговскиот центар односно „спринкерски систем“. Од трговскиот велат дека поради добриот систем немало ни потреба од ангажирање на две противпожарни возила кои веднаш пристинаа во Рамстор.

Додека траеше санацијата на купувачите им беше забрането да се качат на вториот кат, а некои од нив не го сокрија своето незадоволство, и се расправаа  со обезбедувањето кои им го ограничување пристапот до вотриот кат во одделот за храна.

Санацијата траеше околу два часа. Додека траеше санацијата пожарникарите чекаат пред трговскиот поради претпазливост.

Причините за пожарот се уште се непознати.