Мал трик за штедење: Соберете еден куп банкноти од по 500 денари

Како за кратко време да соберете еден куп банкноти од по 500 денари? Една од идеите за заштеда што ја промовира Ворен Бафет е тоа дека треба да вложите во себе си, а најдобар начин за тоа е да поработите на личниот план на штедење.

Кога успешно ќе ги вложите првите 500 денари и тоа во себе, по рецептот на британската новинарка Мери Френклин, патот до вистинското богатство во ви е загарантиран… Еве како!

Поранешната новинарка, а денес професорка по новинарство, Мери Ц. Френклин донела одлука што засекогаш го променила нејзиниот однос кон парите. Нaместо да ја потроши секоја банкнота од пет долари (кај нас околу 500 денари) што ќе помине низ нејзините раце, таа одлучила да заштеди.

Мал трик за штедење: Соберете еден куп банкноти од по 500 денари
Мал трик за штедење: Соберете еден куп банкноти од по 500 денари

Во тоа време моите две ќерки беа на приватни факултети, а споругот и јас бевме во финансиска криза. Сепак, открив дека одвојувањето настрана на секои пет долари што ги добивав како остаток при плаќањето ми ја олесни ситуацијата и ми помага да го контролирам вишокот пари што ги имав во тој миг. Мојата стратегија се исплати. Ќерките завршија факултети и се омажија, а јас имам 36.000 долари во банкноти од по 5 долари, се пофали Мери за магазинот Тајм.

Таа додава дека најдобар дел е тоа што и вие можете да заштедите на овој начин, а се што е потребно сами на себе си да си ветите дека ќе ги заштедите секои 500 денари што ќе ви останат при секое пазарење.

Главната причина поради која луѓето не штедат е тоа што немаат план. Но, јас го имам. Од мигот кога наутро ќе се разбудам, размислувам за начините како да ги добијам своите пет долари. Првиот е што плаќам исклучиво со готовина, затоа што никој нема да ми врати пет долари ако плаќам со дебитна или кредитна картичка, нагласува таа.

Ако може да и се верува, таа вели дека по ова никогаш нема да гледате со исти очи на банкнотите од 500 денари. Кога ќе ги видите како се множат, нема да паднете во искушение да ги потрошите, а набрзо тоа станува речиси зависност. Самите себе си ќе се предизвикате со тоа за колку кратко време можете да соберете еден куп банкноти од 500 денари.

Таа веќе покренала и сопствен блог со цел да им помогне на луѓето да почнат да штедат собирајќо банкноти, а на него и другите може да ги споделат сопствените искуства.

Ако ви е многу да одвојувате по 500 денари, почнете со банкноти од по 100 денари и тоа ќе ви се исплати.