среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 16

Со мала инвестиција до убав стан во Маврово

Сакате вашиот зимски одмор да го поминувате на планина, спортувајќи, во рекреативни прошетки, или пак да уживате на топло додека гледате како надвор паѓа снег?

маврово

Поврзани вести

Зошто тоа да го правите еднаш годишно, кога можете со мала инвестиција да го имате сето ова кога ќе посакате во било кој ден од годината?Што ако имате ваше мало прибежиште од секојдневниот хаос и градски метеж, каде ќе можете целосно да се опуштитесо лично ваши неколку квадратни метри, со идеална местоположба во чиста средина?

mavrovo2

Сега за прв пат имате можност да купите стан во нашиот најубав национален парк Маврово. Еден од 105-те апартмани во новиот комплекс кој е инвестиција на Пелагонија АД Гостивар може да биде ваш, вселив од декември, по цена од  650 евра до 830 евра за м2.

Станбениот комплекс се наоѓа на една од најубавите местоположби во Маврово, на само 150 метри од ски лифтот кој води до ски терените и бачилото. Апартмaните се со одличен поглед кон Мавровското езеро и бујната вегетација и густата шума.Распослан на надморска височина од 1300 метри комплексот нуди исклучителнo планинскo доживување, а домувањето го претвора во идилична комоција.

mavrovo1

Апартманите во комплексот се со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите сеопремени со високо квалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна.

Најчитани вести