„Мала волшебна флејта“ во МОБ

„Мала волшебна флејта“ во МОБ
„Мала волшебна флејта“ во МОБ
Македонската опера и балет со адаптираната опера за деца „Мала волшебна флејта“ ја продолжува практиката за музичка едукација на најмладата популација. Оваа претстава ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот.

Претставата е адаптација за деца на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Режисер е Урсула Хорнер од Австрија, сценограф е Марија Ветероска, а адаптацијата на костимографијата е на Марија Пупучевска.

Во „Мала волшебна флејта“ настапуваат Јане Дунимаглоски, Ернес Ибраимовски, Александра Лазаревска-Василев, Ана Ројдева, Борко Биџовски, Злата Тошевска, Биљана Јосифов, Надежда Рубен, Дејан Стоев, Катерина Стојановска…

Преку убавата музика на Моцарт, децата ќе имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања-дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник, за разлика од Моностатос, што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже, зошто Кралицата на ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него за возврат…

Цената на билетите е 150 денари, а можат да се набават во билетарницата на МОБ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.