Малага со победата над Депортиво избега од дното на Ла Лига

Во првиот натпревар од неделната програма на 12-то коло од фудбалско првенство на Шпанија, Малага на домашен терен славеше против Депортиво од Ла Коруња славеше со 3:2, и повеќе не е на последното место од првенствената табела.

Стрелци за Малага беа Роберто Розалес во 15, Кори Кастро во 63 и Борха Бастон во 84 минута, додека за гостите беа Лукас Перез во 23 и Фабиан Шар во 52 минута.

Малага сега е 18-та, и натаму во зоната којашто води во понизок ранг, со 7 бодови. Депортиво, пак, е 16-ти со 11 бодови.

Претходно во саботата водечката Барселона рутински со 3:0 го совлада на гостувањето Леганес, додека во дербито на колото Атлетико на својот стадион „Метрополитано“ против Реал Мадрид одигра без голови, што најмногу му одговараше на каталонскиот гигант.

Барселона е на чело на Ла Лига со 34 бодови, следена од Валенсија со 27 и натпревар помалку. Мадридските клубови Реал и Атлетико се на третото односно четвртото место со по 24 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.