Свет

Малала Јусуфзаи ја доби Нобеловата награда за мир

Малала Јусуфзаи ја доби Нобеловата награда за мир

Нобеловата награда за мир за 2014 година врачена беше денеска во Осло на 17-годишната Малала Јусуфзаи од Пакистан и на Кајлаш Сатјарти од Индија поради нивната борба за правата на децата, соопшти МИА.

Малала изјави дека се надева оти таа награда ќе ги инспирира сите девојки во светот да се борат за своите права.

Таа е најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир додека Сатјарти е на 60-годишна возраст.

Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Торбјерн Јагланд изјави дека сите деца имаат право на детство и образование, а не на принудна работа, истакнувајќи дека овогодишните победници најдобро ја одразуваат совеста на светот.