Сириско девојче кое го трогна светот (ВИДЕО)

Уште една трогателна фотографија од рането дете во Сирија ги преплави социјалните мрежи. Сликата од преплашено, крваво девојче говори многу повеќе од коментарите и анализите на експертите.

На видеото е прикажано 8 годишно девојче кое се наоѓа во болница, крваво и престрашено довикувајќи го својот татко. Сепак, успеала да одговори како се вика.

Аја, рекла кусо со плачлив глас.

На прашањето каде се наоѓала кога се случил нападот малото девојче одговорило: „Бев дома кога ни се сруши покривот над глава. Татоо врати се“, низ солзи рекло девојчето.

Малата Аја е извлечена од под урнатините на семејната куќа по воздушен напад во сириски Талбисех. Нејзиното семејство преживеало и е пренесено во засолниште.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.