Малата Ана оздравела со помош на иконата на Пресвета Богородица

Повеќе од месец дена во Грузија се наоѓа чудотворната икона на Пресвета Богородица пред која се молел и Серафим Саровски. Новинарката Ирма Хаширладѕе ги опишува чудата кои се случиле, а кои се поврзани со светата икона. Таа го пренела и сведочењето на Наталија Цицикашвили мајка на деветгодишно девојче.

– Кога со својата ќерка Ана се враќавме од часови за пеење, одеднаш и се слоши и падна во несвест. Малата Ана со брза помош беше пренесена во болница, но таа веќе не можеше да оди. Беше пратена на испитување, но испитувањето не даде никакви резултати.

Кога во нашате семејство ќе се случи некое искушение ние обично палиме свеќи и се молиме. Целото семејство се молеше, а и самата Ана се причести неколку пати.

На 19 декември на празникот Свети Никола ја однесов на невролог. Беше констатирано дека има инфекција на мозокот и ни рекоа дека девојчето треба да биде пратено во Тбилиси каде би и била дадена некоја инекција кој би можела да и помогне. Ја однесовме во клиника, но таму доби уште потешки напади. Дежурните лекари се исплашија дека состојбата би можела многу да се влоши.

Чудотворната икона на 20 декември веќе беше во нашиот град, но ние тогаш бевме во Тбилиси и не можевме да појдеме за да и се поклониме.

Мојот сопруг за ќерка ми донесе мала копија на таа икона и плава марама на која беше насликана Пресвета Богородица. Девојчето веднаш ја стави марамата и ја зеде иконата во своите раце и започна да се моли. Се молев и јас заедно со својата ќерка.

После тоа кога започна следното испитување, лекарите не најдоа никаква аномалија, ни рекоа дека е се во ред и ја откажаа предвидената терапија.

Штом стигнавме дома отидовме сите заедно да се поклониме на чудотворната икона која беше донесена од Русија. Иконата веќе беше во храмот Свети Ѓорѓи. Ана својата мала икона ја приближи на оргиналната и започна да се моли.

Тогаш повторно прооде. Девојчето кое само пред извесно време не можеше сама да оди, сега неколку сати стоеше и ја слушаше светата литургија.