Малдини е убеден дека Сидорф има направено голема грешка

Легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Милан, Паоло Малдини повторно ги нападна раководните лица на седумкратниот европски клупски шампиони и додаде дека Кларенс Сидорф во најлош можен момент ја прифатил понудата да биде предводник на „росонерите”.

„Одлично го познавам Калренс Сидорф, но го познавам како фудбалер. Како тренер е сосема нешто друго, сега мора да се докажува на едно друго поле, да се бори за новата позиција. Знам дека не му е лесно, има работа со неизбалансирано изграден тим. Ова е можеби најважниот тест во неговата тренерска кариера. Јас ќе кажам дека во погрешно време и на погрешно место ја стартуваше тренерската кариера”, изјави Малдини.