Малдини: Милан ќе има светла иднина со Сидорф

Легендарниот фудбалер на италијанскиот калчо гигант Милан, Чезаре Малдини е убеден дека седумкратниот европски клупски шампион ќе се врати на победничката патека под водство на младиот холандски стручњак, Кларенс Сидорф.

„Мислам дека Милам може да има светла иднина под водство на Кларенс Сидорф. Во овој тим има неколку добри фудбалери кои кои Сидорд може да ја започне новата сезона во италијанската Серија А, може пополека да изгради еден победнички тим. Мора да се фокусира и на помладите фудбалери, на големите таленти, а такви има и во актуелниот тим на Милан. Сепак мора да биде и внимателен, нема ништо сигурно со овие помлади фудбалери”, изјави Чезаре Малдини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.