Свет

Малезија бара потврда дека Марван е убиен

Малезија бара потврда дека Марван е убиен

Малезиските власти се обидуваат да дојдат до потврда дека во судирите меѓу специјалците на филипинската полиција со исламските радикални бунтовници на островот Минданао во неделата е убиен и еден од двајцата најбарани теерористи во југоисточна Азија, Абдул Зулфикири, познат како Марван.

Неговата глава во Малезија е уценета на пет милиони долари.

Филипинската армија соопшти дека во дводневните борби на југот на архипелагот, во кој загинаа 49 полицајци, меѓу жртвите на страна на радикалната групација на исламските бунтовници бил и познатиот терорист Марван.

Но, ова не е прв пат тој да биде прогласен за убиен. Во февруари 2.012 година филипинската армија соопшти дека тој е убиен при воздушните напади на упориштето на Абу Сајаф на островот Соло, а неколку месеци подоцна тој се јави како организатор на неколку бомбашки напади на Филипините и во Малезија.

Покрај тоа што е екперт за експлозиви, терористот со прекар Марван е и еден од двајцата водечки идеолози кои најавуваат прогласување на „исламски калифат“ во регионите на југот на Филипините и во северниот дел на Малезија.