сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Малезија е следна цел на џихадистите

jihadist

Последни вести

Малезија е следна цел на џихадиститие. Малезискиот министер за одбрана Тун Усеин денеска соопшти дека контраразузнавачките служби откриле планови на локалните радикални исламисти за елиминација на значајни политички личности, пренесува МИА.

Министерот изјави дека исламски радикали кои се вратиле од боиштата од Ирак и Сирија имаат директиви од раководството на Исламската држава како да ги извршат атентатите и со повеќе бомбашки напади да нападнат места каде што се собираат странци и други „неверници“.

На денешната прес-конференција малезискиот министер за одбрана нагласи дека смета на поддршка од другите држави од регионот за отстранување на опасностите од преселувањето на идеите на ИД во регионот, каде има голем број муслиманско население.

Групата Ал Сабах, која се смета за огранок на Ал Каеда во југоисточна Азија, во повеќе наврати најавува дека ќе прогласи калифати во Малезија, на југот на Филипините и во Индонезија.

Најчитани вести