Свет

Малезија: Исчезнати деца пронајдени живи по 47 дена

Малезија: Исчезнати деца пронајдени живи по 47 дена

Две исчезнати деца во Малезија се пронајдени живи по 47 дена во џунгла. Покрај овие две девојчиња за исчезнати се водат уште четири дечиња, на возраст меѓу 7 и 11 години, кои во август годинава побегнале од училиште и се сокриле во џунглата. Едно дете од групата е пронајдено мртво.

По 47 дена двете исчезнати деца, прегладнети, но релативно здрави се однесени во локална болница, каде што ќе се опоравуваат.

Денешните весници во Малезија јавуваат дека девојчињата преживеале хранејќи се со шумски плодови и опстанале, иако немале никаква обука за однесување во вакви услови. Спасителите ги пронашле речиси во последен момент, бидејки биле толку исцрпени што сами не можеле да стојат на сопствените нозе.

Трагачите во минатата среда откриле едно тело, за кое е утврдено дека е од групата што избегала од училиштето. По пронаоѓањето на двете преживеани девојчиња, во областа Келантан, подрачје со густа прашума и брзи реки, се зголеми бројот на трагачи кои се надеваат дека живи ќе ги најдат четирите девојчиња.