Малезија не се откажува од потрагата по исчезнатиот Боинг

Малезија објави дека не се откажува од потрагата по Боингот на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој мистериозно изчезна на 8 март минатата година на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.

По шестмесечно истражување на дното на јужниот дел на Индискиот Океан, кое не даде никакви резултати, 239-те патници и членови на екипажот и официјално се прогласени за мртви и поголемиот дел на истражувачки тимови минатиот месец ја прекинаа потрагата.

Министерот за транспорт на Малезија, Лиов Тионг Таи денеска соопшти дека заедно со кинески бродови и опрема ќе продолжи трагањето по авионот. Одлуката е донесена и по инсистирање на Пекинг, најмногу поради тоа што на летот имало најмногу кинески државјани, пренесува МИА.

Малезија договара и повторно вклучување на австралиски тимови кои располагаат со софистицирани сонари. Овие тимови од мај минатата година истражија над 6.000 километри квадратни на морското дно, но не најдоа никаква трага.