Малезија: Откриена масовна гробница со со 139 мигранти

Полицијата во Малезија открила во близина на границата со Тајланд 139 гробови со посмртни останки на имигранти, а во некои од нив имало повеќе од едно тело, пренесува МИА.

Гробовите биле откриени во 28 кампови за трговија со луѓе на околу половина километар од границата во северниот дел на Малезија.

Портпаролот на полицијата изјави дека операцијата за откривање на гробовите почнала на 11 мај. Едниот од гробовите бил само на сто метри од масовната гробница, откриена претходно овој месец во Тајланд, од која беа ексхумирани 26 тела.

Југоисточна Азија се соочува со хуманитарна криза, предизвикана од илјадници бегалци од Мјанмар и Бангладеш, кои нелегално се пренесувани во Малезија и Индонезија, преку Тајланд.

Повеќе од три илјади имигранти, од кои повеќето припадници на муслиманската заедница Рохинги останаа заглавени во чамци на отворено море, откако властите во Тајланд презедоа енергични мерки против трговците со луѓе.