Малезија се приклучи на истрагата за несреќата на малезискиот авион

Малезија се приклучи на истрагата на причините за несреќата на авионот на „Малезија ерлајнс“ во Источна Украина, соопшти главниот малезиски обвинител Абдула Гани Патал.

Во истрагата за несреќата веќе учествуваат Холандија, Украина, Белгија и Австралија. Со истрагата раководи Холандија, бидејќи две третини од вкупно 298 лица на авионот беа холандски државјани.

Малезија доби покана да се приклучи кон истрагата на 28 ноември, јави главниот обвинител на Малезија.