Свет

Малезиската армија му влегла во трага на исчезнатиот малезиски авион

Малезиската армија му влегла во трага на исчезнатиот малезиски авион

Војската на Малезија верува дека преку радар денеска му влегла во трага на исчезнатиот авион „Боинг 777-200“ над Малакскиот проток, соопшти воен извор.

Според нив, авионот не е  подалеку од местото каде за последен пат  пилотот стапил во контакт со аеродромските контролори пред четири дена.

„Авионот го смени курсот по Кота Бар и се спушти на помала височина. Успеа да влезе во Малакскиот проток“, истакна малезиски воен претставник, кој е задолжен за информирање во врска со истрагата.

Малакскиот проток е еден од најфрекфентните пловни канали во светот, кој се протега покрај западниот брег на Малезија и ги поврзува Андаманското Море и Индискиот Океан на запад и Јужнокинеското Море и Тихиот Океан на исток.

Авиокомпанијата „Малезијан Ерлајнс“ во саботата соопшти дека авионот, во кој се наоѓале 239 патници и членови на екипажот, еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг последниот контакт со контролорите на летот го остварил кај источниот малезиски град Кота Бар.