Малезиски медиуми: Боингот 777 го соборил воен авион

Откриено кој го собори малезискиот авион над Украина

Боингот на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ кој се сруши во источна Украина верјатно бил собороен со воен авион, пишува малезискиот весник „Њу Стрјтс Тајмс“.

Според најновата истрага, авионот можел да биде  погоден со ракета воздух-воздух и со пукање од 30-милиметарски авионски топ, пренесува „Гласот на Русија“.

Новинарите, во текстот се повикуваат на извори од војската. Цитираните експерти зборуваат за тоа дека на трупот на авионот се регистрирани два вида на оштетување кои настанале од удар на ракетa и округла слична на дупки од метак.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.