Малезискиот авион бил на автопилот, се срушил кога му снемало гориво

Почнува нова потрага за мелазискиот авион МН370, кој исчезна на 8-ми март. Овојпат е поместен курсот на истрагата и има некои нови информаци кои би можеле да помогнат во пронаоѓање на исчезнатиот авион, пренесоа медиумите.

Австралиските истражувачи соопштиле дека се уверени дека авионот бил на автопилот кога се срушил.

Министерот за сообраќај Ворен Трус рекол дека новата потрага е заснована на најновата анализа на сателитските снимки.

„Нова приоритетна област сеуште е фокусирана на таканаречениот седми лак, од каде што леталото последен пат воспоставила контакт со сателит. Меѓутоа, вниманието сега ја префрламе на појужните области“, рекол тој.

Мартин Долан, шеф на австралиското Биро за сигурност рекол дека „е уверен дека авионот одел преку Индискиот океан и дека со авионот управувал автопилот се додека не снемало гориво“.

Тој додал дека не знаат во кој момент авионот е ставен на автопилот.

Малезискиот авион на летот 370 исчезана на 8-ми март оваа година со 239 патници и челновите на посадата. После неколку месеци потрага во Индискиот океан, истражителите своето внимание го насочуваат нешто појужно.

Истражителите сметаа дека има малку докази кои би укажале дека авионот е намерно оттргнат со со илјадници километри од планираната рута пред да падне во Индискиот океан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.