Малезискиот авион летал четири часа по последниот контакт?

Американскиот весник „Вол стрит журнал“ пишува дека постојат сомнежи дека малезискиот авион летал околу четири часа по последниот контакт.

Но, потоа се огласило малезиското Министерство за сообраќај со демант за овие наводи.

„Информациите не се точни“, изјавил малезискиот министер за сообраќај, Хишамудин Хусеин, и додал дека сателитските фотографии се објавени по „грешка и не прикажуваат никакви остатоци“.

Весникот дошол до овој заклучок на основа на податоците од моторот на авионот кои „автоматски се запишуваат и се пренесуваат на земјата, односно до авио- хангарите за одржување на леталата, како дел од рутинската програма за одржување“.

Информациите на американските истражувачи, кои беа вклучени во истрагата каде што исчезна авионот, го отвориле прашањето зошто Боингот 777 летал без контакт од контролата за летање и дека имало некој таму во тоа време, само што пилотот или некој друг во леталото „намерно“ оневозможил радиоврска за да се избегне откривање, а потоа го пренасочил авионот.

Истрагата на авијацијата и националната безбедност веруваат дека авионот летал вкупно пет часа, на основа на податоци преземени и испратени по автоматски пат на земјата од Боинг 777, како „дел од рутинското одржување и следење на програмата за работа на моторот“, наведува „Вол стрит журнал“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.