Малезискиот авион може да се наоѓа на територија контролирана од талибанците

Малајските власти ја разгледуваат верзијата за исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“, според која тој свртел кон територијата на Авганистан или Пакистан, контролирана од талибанците, пишува „Индепендент“. Извори од истрагата тврдат дека инспекторите очекуваат дипломатска дозвола за проверка на оваа верзија.

„Што се однесува на Пакистан и Авганистан, ние не можеме да ги провериме овие верзии без нивна дозвола. Се надеваме дека истата ќе ја добиеме наскоро“, вели претставник на авиокомпанијата.