ВИДЕО: Малезискиот авион бил погоден од ракета истрелана од Источна Украина

Малезискиот авион бил погоден од ракета истрелана од Источна Украина. Холандските експерти го објавија деталите од истрагата за авионот што беше соборен пред 15 месеци, додека летал на релацијата Амстердам – Куала Лумпур.

Советот за безбедност на Холандија го поднесе конечниот извештај за причините за падот на малезискиот „Боинг“ на истокот на Украина. Заклучоците до кои дошле холандските експерти ги потврдија резултатите за летот MH17 што претходно ги изнесоа руските експерти.

maleziski-raketa-2

Холандските експерти потврдија дека авионот бил сиборен со ракета 9M38 од комплексот „бук“ лансирана од територијата на Украина, исто како што претходно тврдеа и руските експерти.

Исто така, новата истрага уште еднаш ја потврди руската теорија дека ракетата го погодила авионот од левата страна.

Меѓународната истрага за причините за трагедијата покажа дека авионот MH17 паднал по експлозијата на ракетата 9M38 која се случила од левата страна на авионот, лево од пилотската кабина, изјави претседателот на Советот, Тибе Јустра.

Според холандскиот извештај, ракетата дошла практично во пресрет на „Боингот“ и не е возможно да се одреди аголот на лансирањето. Во извештајот се вели дека ракетата била лансирана од територијата на источна Украина, но не се наведува кој го контролирал тој регион, во моментот на несреќата.

Советот под чие раководство во изминатите 15 месеци се водеше истрагата за падот на малезискиот авион смета и дека имало доволно причини за да се затвори воздушниот простор над Украина.

Дојдовме до заклучок дека како мерка на претпазливост било неопходно да се затвори воздушниот простор над источниот дел од земјата. Ризикот за цивилната авијација не е оценет како што треба, рече Јустра.

Авионот беше соборен на 17-ти јули 2014-та година, додека летал на релацијата Амстердам – Куала Лумпур. Во несреќата животите ги загубија 298 патници и членови на екипажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.