Мали: Белград подготвено ја чека Сава

Градоначалникот на Белград, Синиша Мали, изјавил дека престолнината подготвено го дочекува евентуалниот бран на поплава на Сава, за што се очекува да стигне денеска.

„Сите бедеми во Белград се завршени, сега чекаме да видиме дали Сава ќе порасне или ќе се намали“, кажал Мали за српската телевизија РТС и додал дека ќе се наполнат и 50.000 дополнителни вреќи со песок, како резерва.

Градоначалникот додал дека снабдувањето со струја е редовно, но отежнето, но дека нема да има рестрикции. Тој навел дека во градот е укинато декоративното осветлувањеи апелирал до граѓаните да штедат струја.

„ Според одлуката на кризниот штаб, термоелектраната Никола Тесла се брани со сите средства и Градот обезбедил 60.000 вреќи кои се носат кон термоелектраната“, кажал Мили.

Градоначалникот изјавил дека на евакуираните во прифатните центри им се обезбедни телефони, и дека лицата кои чекаат на евакуација ги користат мобилните телефони на спасителите.

Тој истакнал дека во саботата и во неделата во Обреновац и Лазаревац, собрани се 100 тони загинати, што ќе бидат клучни активности и во текот на денов.