Мали места кои вредат да се посетат (ФОТО)

Мали места кои вредат да се посетат
Мали места кои вредат да се посетат

Доколку се упатите на патување низ Европа, немојте да заборавите да ги посетите и малите градчиња. Токму тие го нудат најдоброто доживување.

Европските градови како Париз, Рим, Барселона и Лондон не бараат никакво посебно претставување, но дали некогаш сте слушнале за Дурнстејн или Чешки Крумилов? “FoxNews” направи листа на “најкул” градчиња во Европа кои секако вреди да се посетат.

Чешки Крумлов, Чешка

Ова градче е едно од најстарите во Чешка и лежи во долината Бохемија, опкружено со реката Влтава. Чешки Крумлов бил изграден во 13-тиот век околу дворецот на благородната фамилија Крумлов.

Градот го краси мешавина на готски, барокни и ренесансни детали кои се протегаат низ галериите, куќите, кафичите и хотелчињата.

Палманова, Италија

Ова градче е основано во 1593 година и денес е под заштита на UNESCO. Сместено е во долина, а изградено е во форма на октадектагон па нам, ако го гледаме од височина, ни изгледа како снегулка.

Познат е по врвното шардоне и одличните риби кои пливаат во блиските реки.

Ротенбург об дер Таубер, Германија

Градот сместен на брегот на реката Таубер е познат по црвените ѕидини и многуте дворци, но и по тоа што Волт Дизни го земал како инспирација за анимираното село во филмот “Pinocchio”.

Главната кула на тврдината во Ротенбург била уништена во земјотресот во 1356 година, но остатокот од градот преживувал со векови и векови, а по Втората светска војна бил потполно реновиран.

Многу туристи овде доаѓаат и заради врвното кулинарско искуство.

Биубури, Англија

Вилијам Морис, писателот од 19-тиот век, еднаш ова место го опишал како “најубаво село во цела Англија”. Причина за тоа веројатно се камените куќички со боја на мед, многуте фарми и цркви, а најфотографирано место во ова село е Арлингтон Роу – низата на камени градби кои потекнуваат уште од 14-тиот век.

Дурнштејн, Австрија

Овој средовековен град сместен на брегот на реката Дунав, неодоливо потсетува на градовите опишани во бајките на браќата Грим. Црвените покриви, камените улици, барокната кула во средината на градот…

Но, освен историските знаменитости, не смее да заборавиме и на врвните вина, но и гастрономските бисери како кнедлите со кајсии и различните штрудли.

Така, на само саат време возење од Виена, ве чека вистинско уживање.