Мали трикови за чист дом

Еве неколку мали трикови за чист дом. Секој од овие совети ќе ви одземе само по неколку минути, а ако ги направите сите многу ќе си ја олесните работата.

Ниту една жена не сака и нема време чистењето на домот да и биде втора работна обврска. Затоа постојат овие мали трикови и совети што ќе ви помогнат вашиот дом во секој миг да биде чист, па дури и кога ќе ви дојдат ненајавени гости.

Соблекувајте ги чевлите

Соблекувајте ги чевлите

Соблекувајте ги чевлите

Шетањето низ домот со чевли не треба да биде дозволено. Посочете им на домашните и на пријателите дека кај вас задолжително треба да ги соблекуваат чевлите. Ова не само што ќе ви помогне домот да ви биде чист подолго време, туку ако имате мали деца ќе ви помогне да се заштитите себе си и нив од паразитите што може да се најдат на чевлите. Доколку ви е непријатно да ги предупредувате луѓето да ги соблечат чевлите, тогаш во ходникот на видливо место ставете дрвен знак дека тоа е задолжително во вашиот дом.

Наместете го креветот

Наместете го креветот

Наместете го креветот

Потрудете се веднаш кога ќе станете од спиење да го наместите креветот во спланата соба и замолете ги останатите во домот да го прават истот. Кога ова ќе стане правило, вашиот дом ќе делува прилично уредно, па дури ако остатокот на домот не е беспрекорен.

Пребришете ја туш кабината

Воведете ново правило во домот, туш кабината и останатите делови од санитаријата во тоалетот да се бришат по секое туширање. На овој начин нема да дозволите да се појават дамки и нечист изглед на стаклото на туш кабината, а вашиот тоалет веднаш ќе изгледа поуредно. За домашните да не го заборават ова правило, тогаш задолжително чувајте магична крпа во близина на туш кабината.

Пребришете го мијалникот

Секојдневно пребришувајте го мијалникот, со цел нечистотијата и дамките од пастата за заби да не се собираат. Можете наместо со крпа, тоа да го правите и со влажни шамивчиња. Ова ви одзема само по 20 секунди, а ќе придонесе вашето купатило да изгледа почисто.

Вечерно бришење на кујната

Никако не одете во кревет пред да ја средите кујната. Измиете ги садовите и извадете ги чистите садови од машината, а потоа пребришете ја работната површина. Додека го подготвувате ручекот, искористете ја можноста да пребришете се останато. На овој начин секогаш ќе имате чиста кујна за следниот ден, а ненајавените гости нема да ги пречекате со еден куп немиени садови.

Веднаш распоредете ја облеката

Ресичи во секоја спална соба има по еден стол или фотелја која е празна во понеделник, а пренатрупана со облека во петок. Да не ги споменуваме работите што се испрани и исушени. Како ново правило воведете го и тоа дека сите во домот треба веднаш да ја соберат облеката што ја носеле и домот ќе биде значително поуреден. Ова е многу поедноставно отколку да поминете цел викенд диплејќи и собирајќи облека.

Проветрете го целиот стан

Минимум два пати неделно проветрувајте го цел стан или куќата, а во текот на пролетта и летото секој ден.

Ова ќе придонесе за поздрав воздух во вашиот дом, мебелот ќе мириса ба свеж воздух, а на гостите и на членовите на вашето семејство ќе им биде пријатно. Пушачите нека пушат на балконот или во некоја друга изолирана просторија.