Малики нема да прифати влада на национално единство

Ирачкиот премиер Нури ал Малики ги отфрли повиците на западните сојузници за формирање влада на национално единство,  од која се очекува да стави крај на офанзивата на сунитските бунтовници, кои зазедоа голема територија во северозападен Ирак.

„Барањата претставуваат државен удар врз уставот и демократските вредности“, рекол шиитскиот претседател, Малики. Во меѓувреме, во Ирак стасаа половината  од 300-те американски специјалци  кои треба да помогнат во справувањето со џихадистите.