Малина – сојузник на витката линија

Малината е кралица на зрнестото овошје, има преубав мирис и неодолив вкус. Содржи само 52 калории во 100 грама, што ја чини идеална за сите оние кои сакаат да уживаат, а притоа да ја сочуваат витката линија.

Малината е извор на важи диететски влакна и витамините Ц, К, Е, и Б комплекс, а во помала количина ги содржи и сите минерали, од кои најмногу калиум.

Ова чудотворно овошје е вистинска ризнца на антиоксиданси, кои ги има за 50 отсто повеќе отколку во јагодата и 10 пати повеќе отколку во доматот, а тие не се губат ниту доколку малината се замрнзне. Антиоксидансите се важни бидеји ги уништуваат слободните радикали во човечкиот организам и спречуваат многу болести. Благодарејќи на големата количина влакна малината го олеснува варењето на храната и дава чувство на ситост. Во зрнестото овошје се наоѓаат ароматични соединенија кетони, а малината ги има најмногу. Овие супстанци влијаат врз губењето на килограмите. Голем број студии кои се занимаваат со испитување на нивните ефекти, покажале дека кетоните од малината можат да делуваат на апсорпцијата на мастите во телото и да го забрзаат нивното разградување. Меѓутоа, за да се оствари овој ефекти на кетоните потребно е да изедете околу 40 килограми малини, па експертите се потрудија оваа супстанца да ја сместат во мали волшебни таблети.

Нучниците утврдија дека кетоните во малината го поттикнуваат хормонот адипонектин, кој слабите луѓе го имаат во изобилство, а кај гојазните луѓе речиси воопшто го нема.

Нутриционистите тврдат дека решението за отстранувањето на вишокот килограми лежи токму во поттикнувањето на адипонектинот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.