петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 47

Малиот Андон ја доби битката- повторно е во рацете на неговата мајка

bebe-andon

Последни вести

Нема нешто поубаво од она кога мајка кога ќе го земе своето бебе во раце. Откако пројде низ вистински кошмар и неизвесност дали нејзиниот син ќе преживее, далеку од него, денеска Загица конечно го држи своето дете во прегратка, јавува Канал 5.

Малиот Андон беше предвремено роден ноќта на Бадник  и одвај преживеа. По две недели борба за живот на одделот за интензивна нега на Детската Клиника, денеска беше исклучен од апаратите и однесен кај неговата мајка, јавува телевизијата.

Како што пишува Канал 5, среќни и задоволни се и тимот на лекари од Детската Клиника кои секојдневно се грижеле за Андон. Чувството кога знаеш дека си спасил нечиј живот не се опишува вели Доктор Софијанова. Таа и нејзиниот тим употребиле една од новo воведените методи на Клиниката, со што му го спасиле животот на бебето.

Загица и нејзиниот син ќе ја напуштат Клиниката веќе во Понеделник. Лекарите и натаму ќе треба да ја следат здравствената состојба на Андон, но се оптимисти дека тој ќе израсне во здраво дете, особено сега кога е со своето семејство опкружен со љубов и грижа.

Најчитани вести