петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 72

Малиот Анид доби ракавицата од Буфон (ФОТО)

Момчето веднаш после последниот свиреж на судијата во квалификационит натпревар помеѓу Македонија – Италија успеа да му побегне на обезбедувањето и да се сретне со неговиот идол Буфон кој му ја подари неговата десна ракавица.

anid

Последни вести

Младото момче кој што успеа да го добие најубавиот подарок од италијанската фудбалска легенда, Џанлуиџи Буфон се вика Анид Абази од Скопје.

Момчето веднаш после последниот свиреж на судијата во квалификационит натпревар помеѓу Македонија – Италија успеа да му побегне на обезбедувањето и да се сретне со неговиот идол Буфон кој му ја подари неговата десна ракавица.

Инаку на социјалните мрежи се појавија гласини дека на момчето му била одземена ракавицата од страна на некој од обезбедувањето во стадионот.

Но, Анид демантираше и нè осигура дека ракавицата се уште е кај него.

-Вечерва го доживеав еден од најубавите моменти во мојот живот. Бев присутен на натпреварот Македонија-Италија и со брат ми направивме план како да влеземе на теренот и да се сретнеме со легендата Џанлуиџи Буфон. Откако влегов во теренот, трчав накај Буфон и го прегрнав, а тој ми ја подари неговата ракавица, напиша малиот Анид на социјалните мрежи по натпреварот.

rakavica

Најчитани вести