“Малиот” Борнмаут ќе игра во големата Премиер лига

Англискиот фудбалски клуб Борнмaут следната сезона ќе игра во Премиер лигата, за првпат во своето 125-годишно постоење.

Историскиот пласман во најквалитетното фудбалско натпреварување на Островот Борнмaут го обезбеди синоќа по победата над Болтон со 3:0, во претпоследното коло на Чемпионшип, второто по квалитет првенство во Англија.

Со 87 бодови, или три повеќе од Мидлсборо, Борнмaут е второпласиран на табелата, но многу подобрата гол-разлика (+50) наспроти (+31) на конкурентот, е гаранција за историскиот успех. Лидер е Вотфорд со 88 бода.

Во последното коло, Борнмaут гостува кај Чарлтон, додека Вотфорд е домаќин на Шефилд.