Малме противник на Вардар во квалификациите за фудбалската Лига на шампионите

Во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе патува во Шведска каде што ќе се сретне со екипата на Малме, откако во понеделникот беше извршена жрепката во седиштето на УЕФА во Нион.

Според ждрепката на УЕФА, првиот натпревар ќе се игра на 11 или 12 јули на гостински терен, додека реваншот кој Вардар треба да го игра како домаќин ќе се одигра на 18 или 19 јули.

Можни противници на Вардар беа и екипите на Селтик (Шкотска), Легија (Полска), Марибор (Словенија) Розенборг (Норвешка) и Хафнарфјордур (Исланд)

Во меѓувреме, на 14 јули ќе се одржи жрепка за третото квалификациско коло, односно Вардар ќе го дознае евентуалниот ривал за следната фаза од Лигата на шампионите.