Малолетен Косовец загина во Сирија

Приштински медиуми објавија дека тинејџер од Косово бил жртва во војната во Сирија.

Станува збор за Мелос Косуми (17) од селото Угљаре во близина на Гњилане.

– Да, вистина е дека мојот син е убиен во Сирија пред една недела. Замина да учи школо во Турција и беше многу добар ученик, изјавил неговиот татко.

Мелос учел во школо во Турција и оттаму заминал на сириско боиште без знаење на семејството.