Малолетен мигрант пронајден со повреди по целото тело, починал на пат кон Ургентен

Екипа на итната медицинска помош вчера околу 22.00 часот во полициската станица Неготина пријавила дека истиот ден околу 19,00 часот на железничката пруга Демир Капија-Неготино, кај местото викано„Прждевски споменик“, покрај шините имало повредено лице во пределот на целото тело.

Поради сериозноста на повредите лицето е пренесено во Медицинскиот центар Кавадарци, од каде поради сериозноста на повредите со возило на ИМП е префрлено во УЦ-Скопје, но на пат починало.Се работи за 16 годишно лице-државјанин на Авганистан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.