Малолетен охриѓанец ја ограбил општинската зграда

СВР Охрид достави посебен извештај до ОЈО против 16 годишен малолетник од Охрид поради постоење основи на сомение за сторени дела „тешка кражба“ и „кражба“. Пријавениот на 13.10.2014 година се искачил на спратот од новиот дел од општинската зграда во изградба и успеал насилно да го отвори прозорецот, влегол во канцеларијата и бесправно одзел едно компјутерско куќиште и една тастатура. Следниот ден, пријавениот извршил уште една кражба од истата општинска просторија на истиот начин при што одзел два компјутерски монитори и едно куќиште. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на пријавениот од каде одземени се штрафцигери, обувки и неколку предмети врз кои е извршено вештачење. Со малолетното лице, во присуство на неговиот родител извршен е разговор во СВР Охрид за што е известен и социјален работник.